Според законите на Викторија, вие имате право отворено да кажете што мислите или да се жалите во врска со некоја јавна установа за ментално здравје.

Mental Health Complaints Commissioner – MHCC (Полномошникот за жалби во врска со менталното здравје) разгледува жалби во врска со јавните установи за ментално здравје во Викторија. Тоа ги вклучува јавно финансираните служби за поддршка за ментално здравје во заедницата и службите за поддршка за ментално здравје во заедницата финансирани преку NDIS (National Disability Insurance Scheme – Националната програма за осигурување на лица со попреченост).

Ние можеме да ви помогнеме околу жалби за вашето искуство со некоја служба, вклучувајќи ги нејзината достапност, лекување и нега. Може да ви помогнеме вашите проблеми да ги изнесете директно на таа служба, да соработуваме со вас и со службата за да помогнеме да се решат вашите проблеми или да разговараме за други можности, ако не можеме да помогнеме.

Кој може да поднесе жалба?

Луѓето кои добиваат услуги во врска со менталното здравје од јавни установи, семејства, негуватели, застапници, здравствени работници за ментално здравје и пријатели – жалба може да поднесе секој кој е искрено загрижен поради нечие искуство со некоја јавна установа за ментално здравје.

Ние сме лесно достапни

Ние примаме и ислушуваме жалби на кој и да било јазик преку преведувачи. Кога ви е потребно, ние ќе организираме услуги на преведувач кои вие нема да ги платите.

Јавете ни се

За да разговарате со нас за вашите проблеми или за да поднесете жалба:

  • телефонирајте на 1800 246 054 (бесплатни повици од статични телефони) или на 03 9032 3328
  • пратете имејл на help@mhcc.vic.gov.au
  • факс 03 9949 1506
  • дојдете на Level 26, 570 Bourke Street, Мелбурн, Викторија.

Повеќе информации

Информативен лист „Поднесување на жалба“